5 зачудувачки тајни што ги кријат мажите

Двојка Според искуствата на повеќе познати блогерки од Америка, направеа е листа од петте најзачудувачки тајни што мажите ги кријат од своите партнерки…


Според искуствата на повеќе познати блогерки од Америка, направеа е листа од петте најзачудувачки тајни што мажите ги кријат од своите партнерки:

Двојка1. Мажите забележуваат што носат жените. Многу е важно тоа што го носат да соодветсвува со она што го прават заедно. Станува незгодно доколку таа облече штикли за одење на прошетка.

2. Мажите мразат кога девојките премногу се трудат да бидат „еден од нив“. Можеби ви изгледа глупаво кога машките друштва измислуваат нови зборови во нивниот јазик кои само тие ги разбираат, но тоа е сосема нормална работа. Она што иритира е кога некој однадвор, најчесто нечија девојка, ќе се обиде да ги користи тие зборови, без можност да придонесе кон целиот процес на „создавање“.

3. Мажите се плашат од обврски! Прифаќањето обврски значи дека девојката со која е во моментот, за него е совршената, нема подобра, значи дека ја пронашол сродната душа и сака со неа да остане цел живот. Обврските значат оти нема враќање назад, а тоа е прилично тешко нешто за прифаќање. Тука во игра влегува и онаа стара изрека дека девојките созреваат побргу. Можноста за прифаќање обврски е знак на зрелост, а на некои луѓе им треба подолго време за да созреат.

4. Пијанење на првите состаноци е непријател на потенцијалната врска. Добро е да запознаете некого кога е трезен. Алкохолот (доколку не можете без него) треба да се внесе во врската постепено. Доколку некој е нервозен, може да се напие малку, може да се додаде и вино заради романтика, но треба да се избегнува претерувањето, барем на почетокот.

5. Мажите стануваат љубоморни зашто имаат ниска самодоверба. Доколку маж помисли оти не е доволно добар за некоја девојка, дека не ја заслужува итн., многу бргу ќе стане љубоморен и ќе почне да се плаши дека ќе ја загуби, т.е. дека ќе му биде украдена од некој друг.

- Реклама -