50-ка и 57-ца повторно ќе стојат кај ГТЦ

Постојките на автобуските линии на ЈСП, 50 и 57, повторно ќе стојат кај ГТЦ, извести директорот на ГТЦ, Ѓоко Трајчевски.

Постојката за овие две линии беше поместена спроти Градска болница затоа што не ги собираше новите двокатни кинески автобуси. Со ова, ќе се врати стариот дух на Градскиот трговски центар, а планирано е да заживее и приземјето од страна на Жена-парк, кадешто во последните години се затворија многу дуќани поради тешката достапност.

Догодина планирано е комплетно реновирање на тоалетите и хантердагласот кој се распаѓа, како и осветлување на фасадата. Заедно со Град Скопје ќе се прави проект за покривот на трговскиот кој треба да биде градина.

Прочитајте и:  Владата ќе му позајми на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Планирано е до 2020 година ГТЦ да биде модерен трговски центар. Можно е да се вратат и други автобуски постојки на кои ќе поминуваат и други линии од градскиот превоз.

- Реклама -