52% од Европјаните сметаат дека ЕУ не работи во интерес на мнозинството

Само половина од светската популација верува дека земјата во која живеат е демократска, покажува истражувањето на јавното мислењe на германската Dalia Research и Федерацијата на демократски здруженија, спроведено на 150.000 луѓе од 57 земји. Според резултатите, многу од западните Европјани како зaкaнa за демократијата ги гледаат банките и друштвените мрежи, а речиси 38% не се задоволни од состојбата во државата во која живеат.

„Во моментов демократиите се соочуваат со најголем pизик од тоа јавноста да не ги перцепира како такви (т.е. да ги перцепира како недемократии)“, вели Нико Јасперс – директор на Dalia Research.

Американците сметаат дека позитивно влијаат на светската демократија 

Анкетираните во САД се поделени. 46% од нив верува дека нивната земја е демократска, додека 40% сметаат дека не е доволно демократска.

Повеќе од 50% од анкетираните Американци веруваат дека САД имале позитивно влијание на демократијата во светот, наспроти повеќето западни земји, како Канада и поголемиот дел од Европа, каде анкетираните веруваат дека САД имале негативно влијание врз демократијата во светот.

Голем дел од Европјаните не ја гледаат ЕУ како своја

Прочитајте и:  Медиуми во ЕУ: Путин го пречекори опасниот праг

Во Европа 52% од анкетираните се уверени дека ЕУ не работи во интерес на мнозинството Европјани. Најмногу критики доаѓаат од Италија, Франција и Грција. Анкетата е направена на неколку дена пред челниците на 28-те земји членки да одлучат кого ќе го постават на чело на европските институции – процес за кој многу од Европјаните веруваат дека не е доволно демократичен.

Во Италија, каде на минатогодишните избори победија евроскептичните партии, дури 69% од луѓето веруваат дека одлуките на ЕУ не ги претставуваат интересите на населението.

И банките пречка за демократијата

Повеќето Европјани веруваат дека банките и финансиските институции имале негативно влијание врз демократијата во нивните земји. Во Грција критиките се најгласни, покажува анкетата, иако помина речиси деценија од должничката кpиза фрли многу од Грците во сиромаштија.

Понатаму, 52% од луѓето веруваат дека нивните земји не се подготвени за нова финансиска криза.

Над 40% од анкетираните во САД, Канада и Австрија веруваат дека друштвените мрежи, како Фејсбук и Твитер, имаат негативен ефект врз демократијата.

- Реклама -