53 години од првиот лет на човекот во вселената

Денес се одбележува 53-годишнината од првиот лет на човекот во вселената. Тој прв човек во вселената беше рускиот космонаут Јуриј Гагарин.

Летот на Восток-1 полета во 9.00 часот наутро од космодромот Бајконур и за час и 48 минути направи еден круг околу планетата Земја, со брзина од 27.000 километри на час. Леталото било управувано од Земјата, а дотогаш никој не знаел како човечкото тело ќе се однесува во вселената. „Vostok“ слетал во Саратовската област, 110 километри јужно од Волгоград. Гагарин се спуштил со падобран на висина од седум километри и без проблем се приземјил.

Yuri Gagarin (9)

Гагарин загинал на 27-ми 1968-та година во рутински лет со авионот Миг, заедно со авио-инструкторот Владимир Серјегин, во сè уште неразјаснети околности, но во лоши временски услови.

Прочитајте и:  Трамп не успеа да го види фаќањето на ракетата на SpaceX, таа се спушти во Индискиот океан

Неговиот успех била голема победа за Советите во вселенската трка, и се уште се смета за едно од најголемите советски достигнувања. Тоа претставувало еден од главните двигатели за САД до крајот на таа деценија да го изведат првиот лет на човекот на Месечината.

Во светот на 12-ти април се обележува Меѓународниот ден на космонаутиката.

- Реклама -