55-годишна Скопјанка приведена за лажна дојава за бомби во училишта

Полициски службеници денеска ја привеле А.К.(55) од Скопје, осомничена дека на 11.01.2023 од мобилен телефон се јавила телефонски во Управата за финансиско разузнавање во Скопје и лажно пријавила дека се поставени експлозивни направи во училишта во Скопје.

„Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности и утврдено е дека пријавата е лажна, а А.К. (лице со здравствени проблеми) е пронајдена и приведена“, соопштија од МВР.

Известен е Јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од министерството.

- Реклама -