Херој на одморот.
Просечен вработен во САД работи по 47 часа неделно. Ако го додадете и патот до работа и назад, се собираат по околу 55 часа неделно, поврзани со работата. Тоа не остава многу простор за приватност.
Сепак, ќе зборуваме за 35-годишниот Американец од Конектикат кој одбива да живее така. Откако завршил колеџ, пред 15 години, тој нема живеено на едно место повеќе од 6 месеци. Патува со својот велосипед – работи 6 месеци кај ќе најде, ги собира парите и потоа 6 месеци вози и се забавува, иако има буџет од 10 долари на ден.
Се претставува како Џеј, а на Instagram е познат како Ultra Romance. Џеј никогаш немал автомобил, а неговата банкарска сметка ја користи само за да може да продава и купува делови за својот велосипед на eBay.
Вели дека не сака да работи и не се срами од тоа. Тој се потпира на познавањата дека во античката историја на човештвото, кога луѓето се занимавале со лов и собирање на растенија, тие го собирале потребното за да се нахранат за цела недела, за околу 9 часа. Останатото време се одморале, а така би требало да биде и сега, кога живееме во ера на изобилство.