6 најдепресивни среќни краеви

Супермен Филмовите ретко завршуваат со умрени кученца или расплакани деца. Филмската публика едноставно бара среќни краеви. Но, понекогаш Холивуд знае да направи грешка, давајќи ни среќен крај кој всушност е крајно депресивен, доколку малку подразмислите.

Филмовите ретко завршуваат со умрени кученца или расплакани деца. Филмската публика едноставно бара среќни краеви. Но, понекогаш Холивуд знае да направи грешка, давајќи ни среќен крај кој всушност е крајно депресивен, доколку малку подразмислите.

6. „Враќањето на џедајот“

„Враќањето на џедајот“Злобниот император прави план за задушување на бунтот со тоа што ќе им ја открие локацијата на недовршеното супер оружје и начинот на кој можат да го уништат. Планот излегува дека е толку очигледно лош колку што си мислевте, а хероите победуваат, со помошта на малите мечиња склони кон геноцид.

Но, зарем епската битка завршува тука? Да, главната команда и двајцата на врвот од хиерархијата се убиени, но да кажете дека со тоа сте ја победиле империјата (машинерија со невиден арсенал на револуционерни и неверојатно моќни оружја, неброени трупи и бази насекаде!) би било подеднакво глупаво како да кажете дека сте ја победиле Америка со тоа што сте го уништиле Пентагон.

Ако сè уште не ви е јасно зошто овој „среќен крај“ е депресивен, помислете на одмаздата во која ќе се впушти остатокот од империјата, особено ако списоците со платите на војниците се наоѓале во Ѕвездата на смртта.

5. „Супермен се враќа“

„Супермен се враќа“Планот на Лекс Лутор да го убие Супермен пропаѓа. Иако го прободува со парче криптонит и го остава во плитко вирче со вода, Супермен успева да го спречи злобниот план на Лутор, во возбудлива акциона секвенца која се состои главно од држење големи нешта над глава. Откако повторно го спасува светот, Супермен се збогува со својот син и заминува во вселената. Кога велиме „се збогува со својот син“, мислиме „по вторпат го напушта своето сакато, незаконско дете“.

Целата приказна на овој дел од Супермен се врти околу начинот на кој најголемиот херој на сите времиња ја затруднел својата девојка и потоа го снемало цели 5 години. Некомпатибилноста на ДНК-та од родителите предизвикале детето да биде слабичко и постојано болно, а Лоис споменува дека не може да добие преодна по физичко (кој нормален професор турка дете по физичко затоа што има астма?!). Понекогаш, кај него се јавуваат и супермоќи.

Што прави Супермен кога ќе дознае дека има дете? Провалува во куќата на мајка му, му кажува – со среќа со целата чудност; по што одново го остава сам. Значи, имаме дете кое има: 1.Супермоќи; 2.Генетска деформација; 3.Причина да го мрази Супермен. Би било безбедно да се обложите дека во иднина ќе стане супернегативец. А, ако му се спротистави на Супермен, не би било погрешно да навивате за малиот!

4. „Приказната на играчките 2“

„Приказна на играчките 2“Каубојските кукли Вуди и Џеси за малку успеваат да избегаат од алчниот колекционер на играчки кој се обидува да ги продаде на јапонски музеј. Хероите се враќаат кај сопственикот, каде што ќе живеат среќно до крајот на животот.

Во универзумот на играчките, тие се бесмртни и не стареат заедно со сопствениците. Значи, во најдоброто сценарио, Енди ќе ги чува доволно долго, за тие да можат да го видат како умира.

 

 

 

3. „Џек“

„Џек“Робин Вилијамс го игра ликот по кого е именуван филмот – дете од основно училиште заробено во тело на средовечен маж (во суштина се игра себеси!). До крајот на филмот, нетолерантните соученици на Џек успеваат да научат да го сакаат и да го прифатат онаков каков што е.

Постои причина што сите филмови кои имаат приказна „дете станува возрасен човек“ се базираат врз основа на фантастични елементи како магичен прстен, машина за перење или животинска жртва на богот Бал; а не на ретка генетска болест која прави тој да старее 4 пати побрзо отколку нормално. Тоа звучи многу блиску до една вистинска болест која се вика Прогериа. Тажното овде е што луѓето со таа болест не успеваат да доживеат повеќе од 13 години.

 

 

 

2. Трилогијата „Матрикс“

„Матрикс“Благодарение на триумфот на човечката волја и неколку чудни дупки во заплетот, Нео се жртвува себеси и ги убедува машините кои го имаат поробено човештвото да престанат да го поробуваат толку многу. Спроти зајдисонцето, машините го праќаат својот пратеник да им соопшти на луѓето дека кој сака да биде ослободен од матриксот, ќе биде.

Но, што стана со онаа информација од првиот дел, дека возрасни луѓе не се вадат од матрицата зашто ефектот од таквото нешто би бил погубен? Замислете што ќе се случи доколку сите луѓе одеднаш се разбудат од свет на илузии и сфатат дека живеат во пуст свет. Во секој случај, глетката нема да е убава.


1. „Враќање во иднината“

„Враќање во иднината“Патувајќи назад низ времето, младиот Марти МекФлај му помогнува на татко му да стане помала кукавица и да ја започне врската со неговата идна жена. Откако ќе се врати во сопственото време, Марти открива дека претходното дисфункционално семејство е среќно и кохерентно, насилникот од средното школо – Биф станал слуга, а тој има сопствен џип.

Но, семејството на Марти веќе не постои! Да, луѓето кои живеат во неговата куќа изгледаат исто, но имаат потполно различни личности од оние кои ги знаел и сакал.

Воопшто не треба ни да се споменува дека секој разговор кој го имал со своето семејство е избришан од постоење. Колку време ќе биде потребно додека сфатат дека нешто не е во ред со него и да го испратат во лудница?

И секако, тука е Биф. Иако е убаво да се види дека кармичката правда е задоволена, би требало да се запрашате, колку е умно да му дадете клуч од вашата куќа на некој што во минатото се обидел да ви ја силува жената?
[The 6 Most Depressing Happy Endings in Movie History]

- Реклама -