7 годишно дете ни покажува што треба да направиме ако наш пријател се разболи од рак

Запознајте се со Винсент Бетерфлај и Зак Госиџ – двајца првачиња од Унион, Мисури.

Еден поглед на ова интервју за новинската станица WTNH News 8 на Конектикат и веднаш ќе ви стане јасно дека овие две момчиња се најдобри пријатели.

Уште минатиот јули на Зак му била дијагностицирана леукемија – агресивен рак на крвта.

„Кај него белите и црвените крвни зрнца се борат”, вели Винсент пред WTNH News 8.

Она што го прави ова дете за својот пријател, сепак, нè остави без зборови.

Откако открива дека хемотерапијата на Зак е особено скапа, Винсент собира 200 долари, продавајќи марами. За едно 7-годишно дете тоа се навистина многу пари. Тој сепак не запира тука. Штом разбира дека косата на Зак ќе опаѓа од третманот, Винсент ја шиша и својата.

„На овој начин сакав да го натерам Зак да не се чувствува како единствен без коса. ”

Иако се работи за сторија од минатата година, истата, допрва почна да се раскажува ширум целиот свет, а веќе има 3 милиони прегледи на „Јутуб“.

- Реклама -