Одамна е познато дека не сите нешта во комуникацијата ги искажувате вербално. Повеќе од половина од информациите, вашиот соговорник ги добива преку говорот на телото. Понекогаш, можно е потсвесно да правите грешки кои можат да ви наштетат во работната околина. За да ги избегнете, прво треба да ги препознаете. Затоа, следува листата од седумте најчести грешки во говорот на телото.
Одамна е познато дека не сите нешта во комуникацијата ги искажувате вербално. Повеќе од половина од информациите, вашиот соговорник ги добива преку говорот на телото. Понекогаш, можно е потсвесно да правите грешки кои можат да ви наштетат во работната околина. За да ги избегнете, прво треба да ги препознаете. Затоа, следува листата од седумте најчести грешки во говорот на телото.
1. Се минимизирате
Оваа грешка е покарактеристична за жените, иако тоа не е правило. Некои луѓе постојано се трудат да изгледаат невидливо во секоја околина (а тука е најизразена работната околина). Ги држат рацете и нозете споени и седат уредно во нивните столчиња колку што можат поназад до потпирачите. На групните фотографии, тоа се првите луѓе што ќе кажат – јас ќе клекнам во првиот ред – зашто така се чувствуваат покомотно.
Никогаш не трудете се да изгледате помало. Со тоа на соговорникот му давате до знаење дека немате ништо против да ве смета за деминутив или за потчинет.
2. Се смеете премногу
Смеењето е важно за да направите другите да се чувствуваат комотно. Но, постојат луѓе кои претеруваат со смеењето. Понекогаш, ќе се насмеат за да го ублажат негативниот ефект од она што го кажуваат, како на пр. критика или казна за некој од потчинетите колеги. Проблемот со ваквото смеење лежи во хемиските процеси што се случуваат во мозокот. Имено, кога некој ќе ви се насмевне, мозокот го регистрира тоа исто како сте добиле награда. Според тоа, ако некому му се насмевнете додека му кажувате дека е мрзлив работник, може да нема ефект зашто неговиот мозок ќе го извлече само позитивното од целиот разговор – вашата насмевка.
Секогаш трудете се да ги синхронизирате зборовите со потезите што ги правите со телото. На тој начин нема да оставите простор да бидете погрешно разбрани.
Ракувањето со некого може да ви каже едно од овие три нешта:
– Можам да доминирам над оваа личност;
– Оваа личност ќе доминира над мене; или
– Се чувствувам удобно со оваа личност.
Јасно е дека треба да тежнеете кон третата опција, а воедно никогаш да не дозволите да ви се случи втората. Кога ги подаваат рацете за ракување, доминантните луѓе ја вртат дланката надолу, а оние што се потчинети ја вртат нагоре. Затоа, најдобар начин за ракување е со странично свртени дланки и добар стисок кој ќе покаже дека сте силна личност.
4. Делумно ги прекрстувате рацете
И ова е грешка што најчесто ја прават жените. Многу често стојат со едната рака исправена, а со другата ја опфаќаат исправената рака. Не правете го тоа! Тоа е типична позиција која демонстрира оти сте несигурни во себе и имате ниска самодоверба.
Оваа позиција е исто позната и како полупрегратка и на соговорникот му кажува дека се обидувате да си ги смирите нервите прегрнувајќи се себеси.
5. Ја допирате косата, лицето или некое парче накит
Во најдобар случај, играњето со косата, допирањето на лицето или вртење на некое парче накит, соговорникот ќе го прочита како недостиг на самодоверба. Во најлош случај, како бесрамно флертување!
Студиите покажале дека луѓето кои флертуваат на работното место (особено со нивните претпоставени) добиваат далеку помалку почит и многу послабо напредуваат во кариерата.
6. Ја искривувате главата
Благото искривување на главата е дамнешен знак дека му обрнувате внимание на соговорникот. На работното место, често се зема како знак дека се сложувате со кажаното. Но, може да биде и погрешно прочитано како приближување или флертување.
Обидете се да кажете нешто со искривена глава, а потоа со исправена, пред огледало. Веднаш ќе забележите колку поавторитативно делувате кога главата ви е исправена.
7. Носите неприкладна облека
Движењата што ги правите со телото не се единствените кои им праќаат сигнали на вашите колеги, шефови, соработници, клиенти. Непристојно куси парчиња облека, парчиња кои покажуваат премногу, па дури и премногу парфем може да испратат потполно погрешна порака и да ви го поткопаат авторитетот.
Добро е да се биде оригинален, но работното место не е едно од нив. Понекогаш е добро да забележите каков дрес-код владее во организацијата во која работите и да се пронајдете себеси во тие рамки.