7 магични моќи на јајцето

Освен што се здрави, хранливи и може да се подготват на многу начини, јајцата се голем пријател на вашата кожа и дом. Откријте ги седумте магични моќи на белките, жолчките, но и на лушпите од јајцата:

1. Жолчка за сува кожа

Изматете ја жолчката и нанесете ја на лицето. Легнете и одмарајте 20-тина минути, а потоа лицето измијте го со млака вода. Жолчката ја хидрира кожата и ја прави мека.

egg_raw_egg_yolk

2. Белки за мрсна кожа

Во белката додајте половина лажица мед, измешајте и нанесете ја смесата на лице. Оставете да отстои 10 минути и потоа измијте го лицето со млака вода.

3. Белката како лепило

Освен што им дава сјајна глазура на колачите, белката може да ви послужи како лепило за хартија, картон и ткаенина.

4. Лушпата од јајце за чистење

1289egg_shell

Лушпата од јајце темелно ќе ги исчисти тврдокорните нечистотии и масни наслаги на вашите садови. Ситно смелете лушпа од јајце и измешајте ја со неколку капки сјај. Средството нанесете го на сунѓер и добро изрибајте ги тавите, тенџерињата, шпоретот…

Прочитајте и:  Колку јајца можете да јадете на ден ако имате висок холестерол?

5. Водата од варени јајца за билките

Откако ќе го сварите јајцето никако не ја фрлајте водата во која се готвело. Оставете ја да се олади и полијте ги билките и на тој начин нахранете ги.

tumblr_mke2h3AtLF1r779fko1_500

6. Лушпите како додаток за храната за кучиња

Лушпите од јајца се преполни со калциум и затоа никако не треба да ги фрлате, особено ако имате куче. Смелете ги во прав и измешајте ги со храната за вашето милениче. Тоа ќе ги нахрани коските и забите на вашето четириножно бушаво пријателче.

7. Јајца против иритации на кожата

Свежо јајце потопете во чаша јаболков оцет. Оставете го да отстои два до три дена, а птоа употребете го како облога за воспаленото место на кожата. Одлично ќе послужи и против убоди од инсекти.

- Реклама -