Вила Мимоза е една од најозлогласените области со проституција во Бразил. Секс-туристите одат на Копакабана. Вила Мимоза е повеќе за локална клиентела.
Во овој кварт на северот на Рио де Жанеиро работат меѓу 2.000 и 3.500 жени. Областа, се проценува, ја посетуваат околу 4.000 луѓе дневно.
Вила Мимоза е мрежа од руинирани згради и куќи, сали за билијард, продавници, и бордели кои се преправаат дека се барови – проституцијата во Бразил не е нелегална, ама поседувањето на бордел – е. Зад „излозите“ ќе наидете на илјадници малечки, темни, задушувачки простории, каде проститутките ги носат нивните клиенти.
Шетајќи наоколу, константно сте соочени со парада од глувци, бездомници, дрога, танги, бубачки, голи гради, кучиња, мажи, жени, и бебиња што трчаат во пелени. Да, во областа живеат и доста семејства. Единствено нема да видите трансџендер луѓе – за нив влезот е строго забранет во соседството.
Фотографот Fábio Teixeira поминал седум месеци во и околу Вила Мимоза, во обид да го долови тамошниот дух на живеењето преку своите фотографии. „Го посведочив светот на Вила Мимоза од прва рака. Тоа е место на контрасти и екстремности“, коментира Фабио.