7 совети за мажи – како до поредовен секс

Секс Постојат повеќе начини како да дојдете до поредовен, речиси секојдневен секс. Но, веројатно никогаш не сте помислиле дека науката може да биде една од оние што ќе ви помогнат да легнете нешто, без разлика дали се работи за вашата жена, девојка или непознатата тетка која само што ја имате запознаено. Следат 7 совети што ви ги нуди науката како помош за подобрување на сексуалниот живот, во ситуации кога…


Постојат повеќе начини како да дојдете до поредовен, речиси секојдневен секс. Но, веројатно никогаш не сте помислиле дека науката може да биде една од оние што ќе ви помогнат да легнете нешто, без разлика дали се работи за вашата жена, девојка или непознатата тетка која само што ја имате запознаено. Следат 7 совети што ви ги нуди науката како помош за подобрување на сексуалниот живот, во ситуации кога:

Секс1. Таа мисли дека вие сте вистинскиот. Кога таа ќе дојде до заклучокот оти двајцата ќе сте заедно засекогаш и следствено на тоа веќе може да ги види вашите заеднички деца, вие сте во поволна ситуација. Повикајте се на студијата која докажа дека секојдневниот секс ја подобрува плодноста, како и квалитетот на спермата.

2. Кога е тажна.
Докажано е дека сексуалниот однос кај луѓето произведува хормон наречен окситоцин кој го подига општото ниво на среќа кај обата пола. Дополнително, жените добиваат и бонус, како што неодамна покажа една студија која вели дека изложеноста на сперма помага во справувањето со депресија. И добро е да се знае овој факт, зашто досегашното: „Спермата е добра за кожата“ не беше потврдено од ниедно истражување.

3. Кога има подочници до земја.
Недостатокот на сон може да предизвика едно чудо физиолошки нарушувања, особено кај луѓето на возраст од 19-38 години. Доколку вашата партнерка има проблеми со спиењето, тогаш предочете ѝ дека сексуалната активност помага во создавањето поздрава навика за спиење, зашто го релаксира телото и умот ослободувајќи најразлични ендорфини.

4. Кога владее некој вирус (да речеме свински грип).
Неодамнешна студија на универзитетот Вилкс-Бер покажа дека имањето секс најмалку 2 пати неделно значително го зголемува нивото на антителото имуноглобулин, што пак активно ве заштитува од настинки, грип и некои други вируси. Никој не вели дека сексот ќе ве заштити 100% да не се заразите, но барем ќе ви помогне во заштитата.

5. Кога е „она време од месецот“.
Доколку не ви пречи сексот за време на менструалниот циклус на вашата партнерка, треба да знаете дека сексот во тоа време активно помага во спречувањето на ендометриозата – болна состојба што некогаш знае да доведе и до неплодност. Исто така, оргазмите помагаат во намалување на менструалните грчеви.

6. Кога е во теретана.
Одамна стои фактот дека како и вежбањето на стермастерот, сексот со вас ќе доведе до трошење калории и истовремено ќе е добар за срцето. Но, ако на девојка ѝ пријдете со таа реплика ќе бидете како и секој друг тип кој ѝ се пушта. Затоа, ќе кажете дека сексуалната активност го стимулира лачењето на фенетиламинот, природен амфетамин кој го дестимулира апетитот и помага во слабеењето. 

7. Кога вашата партнерка е трудна, а вие сакате орален секс.
Во една брилијанта студија, се покажа дека еден од клучните фактори за подобро здравје на вашето неродено бебе е проголтување на што е можно повеќе од ДНК-та на таткото во раните фази на бременоста, заради навикнување на телото на мајката на полутуѓото тело кое расте во неа.

Прочитајте и:  Имунолог тврди дека никогаш не треба да правиме една работа кога сме настинати
- Реклама -