7 совети за совршени портрети

malaШто е тоа што ги дели прекрасните портрети од обичните snapshot-и? Еве
неколку совети кои ќе ви помогнат вашите портрети да се диференцираат
од останатите.


472033021_bc0f915aafШто е тоа што ги дели прекрасните портрети од обичните snapshot-и? Еве неколку совети кои ќе ви помогнат вашите портрети да се диференцираат од останатите.

1. Светло

Најважниот аспект во фотографијата е светлото! Во основа, фотографијата е пишување со светло. Затоа внимавајте од каде доаѓа светлото, местете го и преместувајте го се додека не сте сигурни дека е наместено како што треба.

2. Субјект

Светлото во сцената е битно , но подеднакво важен со светлото е и субјектот кој го фотографирате. Изразот на лицето, како и позата, облеката и додатоците се оние што прават еден портрет да изгледа добро. Искомбинирајте ги овие работи за да ја раскажете приказната на субјектот.

3. Фокус

Иако најчесто е најдобро фокусот кај еден портрет да е на очите, никогаш не е лоша идеја да експериментирате, како на пример да фокусирате на усните, раката или пак главниот субјект да го исфрлите од фокус давајки акцент на некој спореден објект во сцената. Тоа може да додаде нова димензија на фотографијата.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

4. Позадина

Важно правило во фотографирањето на портрети е позадината да биде едноставна. Не сакате таа да го трга вниманието на гледачот од субјектот. Дали ќе биде исфрлена од фокус или ќе биде еднобојно платно оставам на вас да одлучите.

5. Композиција

Клучен елемент кој ќе ги раздели вашите фотографии од останатите е композицијата. Играјте си со линиите, аглите и облиците, искомбинирајте го со фокус на правилно место и ќе добиете портрет кој ќе отскокнува.

6. Текстура

Бидејки фотографијата е дводимензионална, секогаш е предизвик да се претстават реално тридимензионалните објекти. Најдобро ќе ги претставите преку контрастот на сенките и светлите делови, кој може да го нагласите со странично светло.

7. Боја

Бидете сигурни дека боите во фотографијата се сложуваат. Ако не се сложуваат, пробајте со менување на боите на сцената се додека не се сложат. Ако сликарите пазат на боите во нивните дела, зошто да не пазиме и ние ?

Погрижете се овие 7 нешта, и вашите фотографии ќе бидат подобри, а субјектите кои ги фотографирате задоволни. Апаратот во раце и на сликање!

- Реклама -