По повод годишнината, компанијата организираше посебна прослава за своите вработени и нивните семејства, потврдувајќи ја уште еднаш својата посветеност кон луѓето кои се столб на нејзиниот успех. На настанот беа доделени благодарници за вработени од различни сектори, како признание за нивната верност, труд и долгогодишен придонес во развојот на компанијата. Прославата ја исполнија бројни забавни содржини и активности за сите возрасти, поттикнувајќи вработените и нивните семејства да поминат квалитетно време заедно, да се поврзат и да создадат нови спомени.
Во рамките на одбележувањето, организиран беше и корпоративен настан во присуство на претставници од институции, деловни партнери и соработници, на кој им беа доделени признанија на долгогодишни партнери и соработници, како знак на благодарност за нивната успешна соработка и придонес во развојот на компанијата. На настанот беше претставен и Извештајот за одржливост за 2025 година, во согласност со ESG практиките.
Во текот на седум децении, Витаминка стана компанија чиј брендови се дел од секојдневието на многу генерации потрошувачи. Денес, нејзините производи се присутни на пазарите во повеќе од 30 земји низ светот, претставувајќи успешен пример за македонски бренд со меѓународна препознатливост.

Зад ова постигнување стојат континуирани инвестиции во современи производствени процеси, развој на нови производи и постојано подобрување на квалитетот, како и посветеноста на генерации вработени кои во изминатите 70 години биле дел од иднината на компанијата.
Седумдесетгодишнината е значајна одбележница за Витаминка и потврда за нејзината улога како еден од најпрепознатливите македонски брендови, чии успеси и развој оставаат траен белег во домашната индустрија и на меѓународните пазари.




