Утрово во болниците низ земјата имало вкупно 669 пациенти позитивни или сомнителни на Ковид-19, информира Министерството за здравство. Оваа бројка е највисока досега од почетокот на пандемијата во земјава и е продолжение на трендот во последниот период, посебно од 13 октомври, кога оваа бројка за првпат надмина 430 и оттогаш речиси постојано е во пораст.
Во последните 24 часа, на Инфективната клиника примени се 15 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 152 пациенти, од кои 110 се на кислородна поддршка. Нема пациенти на респиратор.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 деца и 9 позитивни мајки, 6 деца и 4 мајки суспектни на ковид-19
Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 49 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 72, а во болницата во Штип се 48 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево и Кавадарци се хоспитализирани 320 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
По денешните нови 862 дијагностицирани со Ковид-19, бројот на активни случаи во земјата се искачи на 8587. Од нив, 4138 се во Скопје, а меѓу општините и натаму најмногу има Аеродром – со 760 (вчера беа 710) активни случаи. Состојбата во главниот град, според досега завршените епидемиолошки анкети, изгледа вака:
• Чаир – 198
• Гази Баба – 543
• Аеродром – 760
• Карпош – 610
• Центар – 573
• Кисела Вода – 510
• Ѓорче Петров – 351
• Бутел – 201
• Шуто Оризари – 37
• Студеничани – 16
• Сарај – 32
• Арачиново – 8
• Илинден – 72
• Сопиште – 36
• Чучер Сандево – 22
• Петровец –23
• Зелениково -13
• Странец – 27
• Нераспределен- 106
Состојбата во државата, по градови, изгледа вака:
• Скопје 12753, активни 4138
• Куманово 2211, активни 361
• Дебар 331, активни 53
• Штип 1626, активни 246
• Прилеп 1227, активни 404
• Тетово 2078, активни 471
• Струга 814, активни 104
• Велес 639, активни 258
• Битола 637, активни 236
• Охрид 675, активни 217
• Кавадарци 471, активни 195
• Гостивар 1163, активни 178
• Гевгелија 357, активни 166 (18 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 52 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 846, активни 471
• Крива Паланка 228, активни 81
• Радовиш 224, активни 79
• Крушево 25, активни 5
• Кочани 684, активни 211
• Пробиштип 184, активни 50
• Демир Хисар 81, активни 17
• Македонски Брод 104, активни 8
• Пехчево 60, активни 8
• Берово 201, активни 45
• Валандово 101, активни 39
• Виница 175, активни 65
• Делчево 242, активни 111 (56 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 46, активни 16
• Свети Николе 468, активни 74
• Кичево 531, активни 149
• Ресен 238, активни 60
• Неготино 138, активни 71 (18 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)