8 митови за алкохолот и зошто тие не се вистинити

Повеќе... Кога станува збор за алкохолот секој е експерт. Има повеќе митови и приказни околу алкохолот од која била друга тема. Затоа, ви разоткриваме 8 митови кои слободно можете да ги игнорирате.

Кога станува збор за алкохолот секој е експерт. Има повеќе митови и приказни околу алкохолот од која била друга тема. Затоа, ви разоткриваме 8 митови кои слободно можете да ги игнорирате.

1. Алкохолот го стимулира сексуалниот нагон
photo_1242617760.jpg

Тоа не е точно. Всушност, алкохолот само ги намалува вашите инхибиции околу сексот. Доколку вообичаено сте срамежливи, алкохолот ќе ги убие тие стравови и ќе ви даде храброст за да дојде до тој чин, но самиот процес понатаму, за несреќа, заради пијанството може да ви биде потежок од обично.

2. Од пиво ќе добиете пивски стомак
photo_1242617851.jpg

Откако пивото постои, се вели дека неговите конзументи ги прави дебели. Но и во овој случај, науката покажа дека ова е само мит. Британските научници испитале околу 2.000 чешки граѓани склони кон овој вид на алкохол и откриле дека нема поврзаност помеѓу количината  на пивото која ја пиеле и големината на нивниот стомак. Наместо тоа, научниците сугерираат дека луѓето со „пивски“ стомак се веројатно генетски предиспонирани кон дебелеење.

3. Пиво и жесток пијалок е лоша комбинација
photo_1242617716.jpg

Овој мит стана позната изрека кога станува збор за пиењето, понудена како страшно предупредување секој пат кога некој ќе се осмели да ужива во чаша вотка после пиво. Но и покрај сите приказни кои често можат да се слушнат и предупредувања, ова се покажа како неточно. Иако генерално паметно е да се избегнува мешањето на различни видови пијалоци, нутрицонистите тврдат дека тоа не е е гаранција дека ќе ви биде лошо доколку го направите тоа.

4. Кафето отрезнува
photo_1242618045.jpg

Секој има своја теорија како да отрезне набрзина кога е потребно. Пиењето кафе е едно од најчестите работи кои се прават во ваков случај. Идејата во овој случај е бидејќи алкохолот е депресант, а кафето – стимулант тие две ќе си делуваат спротивно и ќе ве вратат во нормална состојба. Штета што тоа не функционира така. Ќе бидете будни, но сè уште пијани.

5. Аспиринот е лек за мамурлук
photo_1242618245.jpg

Овиј мит е потполно спротивен на вистината. Истражувањата покажаа дека аспиринот прави вашето тело да го метаболизира алкохолот побавно, па така ја зголемува количината алкохол во крвта и ги одложува несаканите ефекти (како мамурлукот).

6. Алкохолот ве загрева
photo_1242618348.jpg

Многумина навистина чувствуваат дека се загреани откако ќе испијат некоја чашка. Па како ова би можело да биде мит? Едноставно – топлината е само илузија. Пиењето алкохол прави крвта да се сконцентрира на површината на кожата, што прави да се чувствувате дека ви е потопло, но, од друга страна, телесната температура се намалува. Чудно е што ова е познато уште од 1800, додека сè уште циркулира митот и до ден денес.

7. Мажите и жените со иста висина можат да испијат иста количина на алкохол
photo_1242618547.jpg

Сите ние сме за еднаквост меѓу половите, но жените едноставно не поднесуваат толку добро алкохол како мажите. Причината е недостатокот од еден ензим кој е одговорен за соборување на алкохолот во крвотокот. Хормоналните промени за време на менструалниот циклус исто така делуваат врз апсорбирањето на алкохолот.

8. Оној што ќе се онесвести во пијана состојба треба да се остави да спие
photo_1242618204.jpg

Сте слушнале за John Bonham? Тој е тапанарот на Лед Цепелин кој се задави во сопствената повраќаница додека спиеше. Зошто повраќањето не го разбуди? Затоа што кога сте дотолку пијани што губите свет, вообичаените нелагодности не се доволни за да ве разбудат. Па наместо да излезе низ устата повраќаницата оди во белите дробови, при што може да се удавите како да сте под вода. Звучи застрашувачки, па за да не дојде до тоа држете го оној кој се онесвестил исправено (или однесете го во болница – можеби се работи за труење со алкохол).

- Реклама -