8 најчесто користени машки изрази

Мажи Откако ги дознавме деветте најчесто користени женски изрази, време е да ги ѕирнеме осумте најчести машки изрази (мажите и онака отсекогаш користеле помалку зборови).


Откако ги дознавме деветте најчесто користени женски изрази, време е да
ги ѕирнеме осумте најчести машки изрази (мажите и онака отсекогаш
користеле помалку зборови).

Мажи и жени1. Ништо: Кога следи како одговор на прашањето „Што мислиш во моментов?“ или пак „Како се чувствуваш?“, овој израз треба да биде сфатен во неговата буквална смисла. Таквиот одговор обично не е последица на немањето мисли или чувства, туку напротив, се должи на несакањето да се споделат или во некои случаи неможноста да се изразат со зборови.

2. Нешто:
Кога овој збор се употребува, најчесто е во формата „Дали сакаш да правиме нешто?“ и речиси секогаш се однесува на некоја сексуална активност. Не смее да се помеша со прашањата „Дали е нешто што реков / направив?“ зашто тогаш се работи за потполна неопределеност. „Сакаш ли да ти донесам нешто?“ може да се однесува на сè од пијалок па до парчето секси долна облека што го криете во позадината од фиоката.

3. 5 минути:
Тоа е потребното време за најголемиот број мажи за успешно да започнат и да завршат со сексот. Во ретки случаи, оваа граница може и да не важи, но тоа е реалното време кое на мажите им е потребно да ги задоволат своите потреби. Ако наидете на маж кој сака да има секс со вас подолго од тоа, тогаш размислете околу опцијата да го задржите крај себе подолго време.

Доколку „5  минути“ се користи во контекст на гледање фудбал или играње видео игри, тогаш не спијте на тоа уво. Таквите 5 минути можат да траат од час и половина па сè до бесконечност (читај: до онесвестување).

4. Подоцна:
Овој збор најчесто влегува во склоп на речениците: „Ќе го направам тоа подоцна“ или „Може ли да зборуваме подоцна?“ Буквалниот превод е „никогаш“.

5. Наскоро:
Доколку овој збор е даден како одговор на прашања од типот: „Кога ќе ги запознаам твоите родители?“ или „Кога мислиш дека ќе сме подготвени да живееме заедно?“ тогаш голема е веројатноста преводот на „наскоро“ да е идентичен со оној на „подоцна“. Доколку пак се користи во контекст на сексуалниот климакс, тогаш „наскоро“ значи – веќе се случи.

6. Можам да ти помогнам?
„Се обидуваш да направиш нешто што може маж да го направи, па претпоставувам дека подоцна, во текот на работата, ќе ти треба моја помош. Дозволи ми јас да ја завршам работа и да престанеме да се преправаме дека можеш и сама“.

7. Ќе сакаш?
Доколку се работи за: „Ќе сакаш ли да ги измиеш садовите / да исчистиш / да ја пуштиш машината?“ тогаш ова значи – навикнат сум мајка ми / девојките / жените пред тебе да го прават тоа за мене и нормално очекувам и ти да го правиш истото ако ме сакаш, зашто јас не сум ништо повеќе од едно големо дете. Но, ако прашањето е со сексуална конотација „Ќе сакаш ли <вметнете перверзија по избор>? тогаш обично значи – поранешната девојка / онаа проститутката немаше никаков проблем со тоа и доколку ти имаш, голема е веројатноста дека ќе спијам со некоја што ќе се сложи на тоа.

8. Не сфаќам:
Кога вашиот маж ќе ви каже „Не сфаќам зошто плачеш“ или „Не сфаќам зошто ми се дереш“ тоа обично значи „не сфаќам“.

- Реклама -