8 реченици од вистински маж со кои ќе ја прекине секоја кавга

Вистинските реченици можат да ја смират ситуацијата, да покажат дека се карате без врска но и ситуацијата да ја променат во комичен настан. Други пак ќе ви помогнат да го разберете коренот на проблемот.

Кавгите се неизбежен дел од врската, но за да не прераснат во нешто поголемо, важно е да поставите граници, да ги почитувате и да не се навредувате. Тој однос може да нанесе непоправлива штета, особено ако за време на расправијата искористите тајни кои вашиот партнер ви ги имал доверено. Мора да се придржувате до „фер игра“, а како тоа го прават вистинските мажи открива Redbook.

„Што можеме да направите за веднаш да ги подобриме работите?“

Со овие зборови партнерот ви докажува дека е посветен на изнаоѓање решение на проблемите. Тој повеќе не сака да се кара туку се труди да ги подобри работите, а сега се зависи од другата страна. Иако ја подавате топката на другата страна, покажува дека е спремен да работи за да работите конечно тргнат на подобро.

„Мислам дека е време за Игра на тронови“

Без разлика дали ја гледате оваа или било која друга серија, со ваквото прекинување на расправијата може да се смирите, „оладите глава“ и размислите. Особено може да ви помогне во долгорочни спорови во кои ни едната страна нема да може да се сети зошто се карале. Откако ќе се смирите ќе бидете во можност да се фокусирате на клучните проблеми и да се избегнат сите непотребни навреди кои во моментот на лутина ви доаѓаат на ум.

„Помогни ми да ги сфатам твоите ставови. Не разбирам што зборуваш.“

Оваа едноставна фраза им помага на паровите да увидат што точно е проблемот и каде нивните размислувања се разминуваат. Луѓето во жарот на кавгата лесно можат да се збунат, и додека едната страна мисли дека проблемот е во немиените садови, другата може да мисли сосема други работи.

„Толку си згодна, дури и кога се лутиш“

Иако на прв поглед збучи како да се обидувате да се извадите од кавгата, оваа фраза партерот покажува дека е на ваша страна. Освен тоа, тоа може да насмее и така да се спречи ескалација на расправијата, објаснува американскиот брачен терапефт др. Џилда Карл.

„Дали е ова подобро или полошо од кога бевме заглавени во снежна виулица?“

Размислувањето на лошите работи кои паровите ги поминале заедно ги потсетува дека сепак се добар тим. Поминале низ лошите работи бидејќи и двајцата се потрудиле да ги надминат. Оваа фраза исто така може да потсети на смешни епизоди од минатото и да ја намали напнатоста.

„Мислам дека потребно е кафе за овој разговор“

Ова е всушност тактика за одложување, но и одличен потсетник дека кавгата трае предолго. Можеби сте огладнале или ожеднеле и едноставно треба малку да одморите. Тоа на вас може во едно да ви помогне да се смирите и фокуситаре на коренот на проблемот, насместо постојано да се вртите во маѓепсан круг.

„Зарем повторно ќе имаме авто-кавга?“

Кавгите во автомобил освен тоа што се опасни, ја зголемуваат тензијата затоа што парнтерите се „заробени“ во мал простор и немаат излез. Ако тие кавги постојано се повторуваат, треба да го индетификувате нивниот извор со цел успешно да се реши.

- Реклама -