87 години во брак: Приказна за вечна љубов и аманет од некој што знае

Зелмира и Херберт Фишер биле во брак неверојатни 87 години, па слободно можеме да речеме дека ако некој знае нешто за бракот, тоа се тие двајца. Во една прилика, брачната двојка гостуваше на „прашања и одговори“ на Твитер, па паднаа неколку добри совети во врска со љубовта и посветеноста. Еве мал дел од нив, со многу суштина:

  • Пораснавме заедно и бевме најдобри пријатели уште пред да се венчаме. Пријателот се чува за навек; нашиот брак трае цел еден живот.
  • Запомнете, бракот не е натпревар. Никогаш не треба да водите евиденција за резултатот. Бог ве ставил двајцата заедно во еден тим, за да победите.
  • Согласете се дека е во ред да не се согласувате и карајте се за нештата што навистина значат. Научете да се виткате, не да се кршите.
  • Нема тајна за успешноста на нашиот брак. Ние само го правевме она што беше потребно за нас и нашето семејство.
  • Почитување, поддршка и комуникација. Бидете верни, искрени, чесни, и вистински. Сакајте се со целото срце.
Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Херберт почина во 2011-тата, на 105-годишна возраст. Две години подоцна, почина и Зелмира, исто така на возраст од 105 години. Сепак, нивната смрт не може да го избрише примерот што тие го оставија за нас, пример што буди верба за бескрајната љубов и светоста на бракот, дури и кај оние што ја изгубиле.

old-people-holding-hands2[1]

- Реклама -