9 години затвор за првообвинетиот за грабеж во НЛБ

Вкупна затворска казна од 20 години и 10 месеци добија обвинетите во случајот грабеж во НЛБ, но уште не се знае каде се парите.

Првообвинетиот Бобан Смилевски заработи затворска казна во висина од девет години и два месеца. Одбраната смета дека казната е превисока.

Едниот соучесник ќе лежи шест години и шест месеци, вториот пет години и два месеца и третиот е осуден со условна казна.

Меѓутоа, во текот на судењето ниту еден од нив не откри каде се однесени парите по грабежот.

- Реклама -