Од самиот почеток на светот до денес, ние сме опкружени со мистерии. Некои беа решени од науката, но други останаа необјаснети. Некои од нив се исто толку антички како и хуманоста, а нашата фасцинација со нив ги прави безвременски.
Од изгубени богатства на дното на океанот до необични појави на небото; од човечки остатоци до богови – во оваа прилика ви презентираме 10 историски мистерии што никој не може да ги реши, а кои што можат да ве забавуваат и ве натера да размислите.
1. Изгубени посмртни остатоци од Кристофер Колумбо
Познатиот италијански морнар кој го откри Новиот свет, Кристофер Колумбо бил познат уште за време на неговиот живот. Но, и покрај ова, луѓето сè уште расправаат денес за тоа каде се наоѓаат неговите посмртни остатоци.
Првично гробот на Кристофер Колумбо бил во Ваљадолид, Шпанија, па бил преселен на островот Хаити во Карипското Море, потоа во Куба во 1795 година, а по еден век неговото тело е вратено во Шпанија.
Еве го мистериозниот дел – група луѓе велат дека неговото тело никогаш не било пренесено на Хаити. Ковчег со натпис „славниот еминентен Кристобал Колон“ кој го содржи мртвото тело, е пронајден во 1877 година во Соборниот храм на Санто Доминго. ДНК тест покажал дека станува збор за Диего Колумбос, братот на Кристофер Колумбос. Доминиканската Република ја доведува во прашање автентичноста на резултатите од ДНК и бара тестирањето да се повтори.
2. Изгубеното богатство на Адолф Хитлер
Локацијата на богатството на Хитлер од околу четири милијарди долари е сè уште мистерија. Со години, од смртта на Адолф Хитлер, многумина се обидоа да го пронајдат ова богатство, но без никаква корист. Парчиња од ова богатство се пронајдени во земји близу Германија, но ниту еден дел не остава трага што може да доведе до цело злато.
Историчарите имаат теорија дека парите биле депонирани во банки во различни земји. За Хитлер, исто така, се смета дека има скриено богатство во изолирана област јужно од Дрезден. Додека некои сметаат дека богатството е во езерото Топлиќ, Австрија. Само едно е сигурно дека ова огромно богатство сè уште чека да биде најдено.
3. Изворот на сигналот „wow“
Мистериозна фреквенција била фатена и отпечатена од радио телескоп во опсерваторијата Перкинс. Содржи група букви и броеви, можеби меѓусебно поврзани, но никој не го знае нивното вистинско значење. Дури и понапредната технологија не може да се справи со значењата на овој сигнал. Многумина веруваат дека оваа порака е испратена од вонземјани.
4. Енигматско исчезнување на бродот УСС Киклоп
Бродот, кој бил изграден да издржи на опасни временски услови и екипаж од 306 професионални морнари, е целосно изгубен, оставајќи нерешени прашања. Бродот последен пат е виден на пат кон Балтимор на 4 март 1918 година. За исчезнувањето се вели дека било предизвикано од проклетство на Бермудскиот триаголник. Дури и денес, истражувачите не можат да го пронајдат бродот или да откријат што се случило со него.
5. Фестос диск на минојската цивилизација
Овој антички диск содржи натписи на непознат јазик. Се смета дека содржи порака што ќе ни помогне да ја разбереме минојската цивилизација. Експертите велат дека пораката на дискот може да биде приказна, химна или календар. Многу истражувачи сè уште се обидуваат да дознаат што навистина значи пораката, а заради поновата технологија, сметаат дека се доста блиску во откривањето.
6. Вистинскиот идентитет на ѕeвездата од Витлеем
Познатата библиска sвезда го привлекува вниманието на многу професионалци. Создадени се многу теории, дури има и теорија дека оваа sвезда се смета за неидентификуван летечки објект.
Истражувачите од Велика Британија велат дека станува збор за ѕвезда слична на онаа што е видена во Кина во петтиот век пред нашата ера. Јохан Кеплер изјавил дека станува збор за судир на две планети кои формираат нова sвезда, додека други велат дека станува збор за комета. Но, сепак, она што навистина е sвездата, останува нерешено.
7. Изгубениот гроб на основачот на Монголската империја Џингис Кан
Големиот лидер и основач на Монголската империја е познат и како големиот освојувач кој што успеал да ја прошири својата територија од Кина до Унгарија. Тој импресионирал многу луѓе со своите принципи и храброст. Кога умрел во 1227 год неговите лојални следбеници тајно го закопале на неозначено место, а сите сведоци биле убиени. Коњите биле употребени за уништување на докази од закопувањето на големит кан. Неговите следбеници дури и го изместиле коритото на реката како би можеле да го сокријат местото.
8. Дали Бимини е дел од патот до Атлантида?
Уште една од најголемите историски мистерии е Едгар Кејс, амеркански мистичар кој што предвидел дека остатоците од Атлантида ќе бидат пронајдени во водите околу островот Бимини. Тој кажал дека тоа најверојатно ќе се случи во 1968 или 1969 година.
Кога професионалните нуркачи од Бахамите откриле неколку камења поставени во линија што личела на подводен пат, за нив се верувало дека се остатоци од античка цивилизација. Сепак, предвидувањата и точноста на Едгар Касес ги заинтригирува умовите на другите луѓе.
9. Дали г-ѓа Бабушка имаше улога во атентатот на Џон Кенеди?
Жена во кафен капут и марама на главата за време на атентатот на Џон Кенеди стоела од страна и ја фотографирала целата сцена. Таа жена е позната како г-ѓа Бабушка. Дури и кога следувал атентатот таа останала мирна и продолжила да снима, на тој начин покажувајќи ги можните карактеристики на убиец.
Властите се обидувале да ја најдат оваа жена. Излегле со соопштение во јавноста каде што барале снимките кои што таа ги снимила да бидат предадени. Но, тоа секако никогаш не се случило, а жената никогаш не се појавила.