А која е вашата лозинка?

Повеќе... Неодамна една веб страница ориентрирана кон теми за програмирање (phpbb.com) беше нападната од хакери кои ги „украдоа“ пасвордите на нејзините 20.000 корисници и истите ги објавија онлајн. Иако ова е лоша вест за тие несреќни 20.000, нас ни дава увид во тоа кои се најчестите лозинки кои се користат (а не би требало).


password_star.jpgНеодамна една веб страница ориентрирана кон теми за програмирање
(phpbb.com) беше нападната од хакери кои ги „украдоа“ пасвордите на
нејзините 20.000 корисници и истите ги објавија онлајн. Иако ова е лоша
вест за тие несреќни 20.000, нас ни дава увид во тоа кои се најчестите
лозинки кои се користат (а не би требало).

Имајте на ум дека ова се лозинките на група луѓе заинтересирани за програмирање, па ако некој треба да знае најдобро за безбедноста околу изборот на лозинка тоа се тие. А сепак:

– Најкористена лозинка се покажала дека е 123456, која исто така се смета дека е најчеста лозинка воопшто.

-4 проценти ја користеле лозинката „password“ или некоја негова варијација која исто така се покажала во претходни истражувања дека e глобален тренд.

-16 проценти од лозинките биле според личното име на корисниците.

-14 проценти биле последователните букви/бројки на тастатурата како „qwerty“.

-Од необјаснети причини „dragon“, „master“ и „killer“ исто така биле лозинки кои многу често се појавувале.

Доколку и вашата лозинка е слична на овие претходно наброените најдобро е да ја смените. Најголемиот број на хакери всушност го искористуваат фактот дека луѓето се многу предвидливи кога избираат лозинка, без да бидат свесни за тоа.

- Реклама -