„А1он“: Пратениците со државни пари плаќаат кирии на роднини, кои наместо нив пречекуваат „гости“ во становите

И по измените за намалување на патните трошоци, пратениците пак наоѓаат финти да ги слеат парите од буџетот во своите или џебовите на нивните роднини и пријатели, дури и кога немаат реална потреба од нив, без оглед што им следуваат. Како што објави „А1он“, тринаесет пратеници го искористиле правото да изнајмат стан со кирија и сметки покриени од државата (државата покрива до 400 евра за кирија, плус до 100 евра за сметки), но според истражувањето на порталот, дел од нив становите ги изнајмуваат од роднини и пријатели, а за дел има основани сомневања дека воопшто и не ни живеат во становите што ги плаќа државата.

Екипата на „А1он“, на пример, затропала на вратата на Марија Келтаноска, на чие име е станот од 65 квадрати во скопската населба „Аеродром“. Вратата ја отворила сопственичката на станот, што и не би било чудно ако таа не е сестра на снаата на пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ – Ана Лашкоска, која е од Прилеп, а која со државни пари „живее“ под кирија токму во наведениот стан. За екипата на „А1он“, сопственичката на станот се претставила како „братучедка“ и рекла дека пратеничката тука живее, но е на работа, а дека таа е на гости кај неа. Но, исто така, „братучедката“ тврдела и дека станот не го плаќа државата. Целата сторија, во која слични шеми се откриени и кај други пратеници, прочитајте ја ТУКА.

Прочитајте и:  Инцидент во Собранието, за малку избегната физичка пресметка меѓу Апасиев и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

 

- Реклама -