АА: Остро го осудуваме сквернавењето на државното и палењето на албанското знаме

Сите знамиња на народите во светот заслужуваат почит. Остро го осудуваме сквернавењето на државното знаме и палењето на албанското знаме, бидејќи таквите постапки се неприфатливи и не се во согласност со граѓанските вредности. Извршителите на овие грди дела не му направиле чест ниту на знамето, ниту на својот народ.

Празничната и позитивна атмосфера во секој дел од земјата не треба и не може да биде помрачена од вакви изолирани акти. Секој облик на насилство е неприфатлив во нашата земја и мора да биде осуден без компромис од сите страни.

Алијанса за Албанците

Прочитајте и:  Осуда за сквернавењето на македонското знаме, надлежните органи постапуваат по настанот
- Реклама -