Абас: Секој обид на Израел да ја подели Газа е неприфатлив

Палестинскиот претседател Махмуд Абас изјави дека секој потег на израелските сили да ја поделат Газа на два дела е неприфатлив и нагласи дека енклавата е „составен дел на Палестина“.

Абас имаше одвоени телефонски разговори со холандскиот премиер Марк Руте и австралискиот премиер Ентони Албанезе, јави палестинската новинска агенција ВАФА.

За време на разговорот со Руте, Абас рекол дека неодамнешната изјава на израелската армија дека нејзините сили ја поделиле Газа на два дела е неприфатлива и оти за Газа нема посебно политичко или безбедносно решение, „бидејќи таа е нераскинлив дел од палестинската држава“.

„Денес постои северна и јужна Газа“, изјави во неделата портпаролот на израелската армија Даниел Хагари.

Прочитајте и:  Борел го повика Израел да го поддржи предложениот договор за прекин на огнот во Либан

Палестинскиот лидер ја истакна неопходноста од спроведување на политички легитимно решение засновано на меѓународните стандарди за слободата, независноста и суверенитетот на палестинскиот народ.

Во разговорот со Албанезе тој ја истакна итната потреба „да се запре масакрот на палестинскиот народ во блокираниот Појас Газа“.

МИА

- Реклама -