Адам Сендлер ќе игра во новиот филм на Том Мекартни “The Cobbler”

Во последно време изборот на филмови на Адам Сендлер не беше толку добар, но сега тој се придружи на новиот indie филм на режисерот Том Мекартни наречен “The Cobbler”.

Според THR, филмот кој што е поставен во сегашноста зборува за чевлар кој има способност метафизички да навлезе во стапките на животите на луѓето чии чевли ги поправа.

Сендлер ќе го игра чевларот, и се надева дека ќе го заврши филмот пред да го снима последниот проект на Џејсон Рејтман “Man Women & Children”. Сендлер има неколку филмови во развиток што добро звучат, но колку ќе бидат добри на платното останува да видиме.

Режисерот на “The Cobbler” , Мекартни го знаеме по добрите indie драми: “The Station Agent” и “The Visitor”, па затоа се надеваме дека и овој нов филм ќе биде исто толку добар колку претходните.

Текстот е објавен во соработка со МкКод

- Реклама -