Адел е речиси непрепознатлива на новата слика

Британската пејачка веќе некое време не е активна на социјалните мрежи, а сега по повод нејзиниот роденден објавила фотографија на која никој не ја препозна.
Славната пејачка Адел откога стана мајка не се појавува често во јавноста и помалку е активна на социјалните мрежи, сепак по повод нејзиниот роденден објави слика на Твите на која никој не ја препозна.

27-миот роденден го прослави минатата ноќ, а за таа прилика имала забава со костумизирани маски. Таа се маскирала во Џорџ Мајкл.

Со оваа драстична транформација шокираше многумина, во позитивна смисла. Покрај фотографијата напишала: „Ви благодарам на роденденските честитки. Убаво си поминав. Бев свој херој“.

Screenshot_5

Се најавува и нов албум кој би требало да излезе оваа година, а се шушка дека ќе работи и на новиот Џејмс Бонд.

- Реклама -