Аделина промовираше албум, ама не се појави

Иако Аделина во поканата за медиумите ја закажала промоцијата на својот најнов албум за во 11 часот, заборавила да извести дека ја презакажува за половина час подоцна.

Како што пишува Република, и покрај тоа, медиумите решиле да ја почекаат , но во следните минути од Аделина ниту трага, ниту глас. По овој некоректен однос, медиумите решиле да го напуштат хотелот.

„Таканаречените ѕвезди треба да научат, дека неопходно е да не почитуваат и нас и нашето време. Речиси нема промоција која започнала навреме или со некое разумно доцнење од петнаесетина минути. Со ова сакаме да им дадеме на знаење на јавните личности дека има ред на нештата и дека треба да го почитуваат и нашето време. Па нека оценат сами дали им се потребни новинарите или можат и без нив“, велат  претставниците на седмата сила кои беа присутни во хотелот кадешто беше најавена промоцијата.

- Реклама -