Бразилската убавица се погрижила да изгледа соодветно за приликата кога пристигнала во француската престолнина.
Адриана Лима во понеделникот пристигнала во Париз за да присуствува на модната недела. Таа зачекори на улиците на метрополата во голем стил – облечена во црно од глава до пети изгледа многу модерно и секси.
32-годишниот ангел на Victoria’ Secret направи одлична комбинација од хеланки и кожна јакна со црни чизми на платформа. Едноставно, но совршено!