Адриана Лима во до сега невидено издание

Ангелот на Викторија Сикрет на нејзиниот Инстаграм профил објави фотографија со која го најавува новиот „Пирели“ календар, на кој се појавува во целосно различно издание од досегашните.
Атрактивната Бразилка позира во садо-мазо издание, со затегнат кожен ремен и црни ракавици. 140.000 „лајкови“ говорат за тоа колку им се допаднала фотографијата на нејзините обожаватели.

Screenshot_5

– Извадокк од календарот на „Пирели“ за 2015 година, еднај чекам- напишала Лима покрај сликата.

Прочитајте и:  Инстаграм забранува „скриншоти“ на фотографиите испратени во порака
- Реклама -