Афро-нинџа ја претвори несмасната акробација во филм

sword_slashsfile_copy.jpg Тоа беше видео за кое сите збореа на интернет и го препраќаа на своите
пријатели: афро-американец во обид со нончаки да направи салто назад,
паѓа болно на своето лице, а потоа повторно се појавува на екранот за
да прикаже што знае.


Тоа беше видео за кое сите збореа на интернет и го препраќаа на своите пријатели: афро-американец во обид со нончаки да направи салто назад, паѓа болно на своето лице, а потоа повторно се појавува на екранот за да прикаже што знае.



Афро-нинџа
{youtube}HFBBh2n2yP0{/youtube}

Клипот од 15 секунди кој можете да го видите погоре е исечок од Холивудскиот ветеран Марк Хикс во аудицијата за Nike во 2004, а се смета дека досега е виден повеќе од 80 милиони пати. Малкумина знаат дека тој всушност се вратил по оваа незгода и ја добил работата. Овој каскадер глумел неколку пати наместо Крис Такер во Rush Hour и Tyrese Gibson во Transformers, но сега започнува своја филмска одисеја со новиот филм Afroninja: Destiny – филм кој го напиша, режираше и глуми во него. Марк во интервјуто за Wired говори за тешкиот период кој го имал поради ова видео затоа што не можел веќе да најде работа(иако бил прогласуван за најдобар каскадер трипати), но и за сегашноста, односно како тоа го искористил за да ја насочи кариерата во друг правец и евентуално да се здобие со светска слава.


Исечок од филмот

{youtube}y8mFkDjimvQ{/youtube}

Прочитајте го целото интервју на wired.com

- Реклама -