Кубанците немаат пари, но живеат како да не им требаат. Некој на ова би рекол дека имале пола век за да се прилагодат на сиромаштијата под санкциите, што и до некаде е точно, но не треба да се заборави латиноамериканскиот дух.
Имаат умерена клима, без зима како кај нас, море и многу сончеви денови. Идилата е нарушена само од некој ураган, кој не се задржува долго на Куба. Сочното и слатко овошје расте на сите страни, најквалитетниот тутун во изобилство а и најдобриот рум е тука да ја придружи пурата. А народот…. народот се забавува од утро до вечер.
По повод пристигнувањето на летото, на улиците и плажите на Хавана се организираше фестивал. Вака изгледаше: