Ахмети до Мицкоски за барањето за ветинг: Да го пробаме хуморот, да видиме како ќе излезе

Да го пробаме хуморот, да видиме како ќе излезе, изјави лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети откако денеска премиерот Христијан Мицкоски во изјава за медиумите коментирајќи го барањето на ДУИ за ветинг на сите функционери рече дека очекувал ваквиот тип на хумор и сатира да завршат со заминувањето на ДУИ во опозиција.

Ахмети рече дека законот за ветинг е предложен пред четири години и повика ветингот да се случи со учество на претставници од Брисел и Вашингтон.

– Да видиме како ќе пројде хуморот. Јас не правам холивудски филмови и не сум холивудски сценарист. Нека повели, сите ќе ги правиме, изјави Ахмети при посетата на Државниот универзитет во Тетово. Освен ветинг, Ахмети бара да се истражува и приватизацијата во 90-те години.

Прочитајте и:  Честитка од Ахмети за Денот на албанската азбука: До вчера го унапредувавме, денеска мора да го браниме албанскиот јазик 

Премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по посетата на поликлиниката „Идадија“ рече дека сметал оти со одењето на ДУИ во опозиција таков тип на сатира и хумор завршил.

– Во ред е, ќе слушаме во периодот што следи ваков тип на хумор и сатира, па ќе видиме до каде ќе стигнат како политичка партија, рече Мицкоски.

- Реклама -