Ахмети: Изборите ќе се одржат во редовниот термин и нема потреба од лидерска средба

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска изјави дека во моментов изборите не нудат решение и потенцира дека парламентарните избори ќе се одржат во редовниот термин.

„Приоритет над приоритетите е како да се постигне договор за уставните измени и одржувањето на меѓувладината конференција, што треба да се одржи на крајот на оваа година. Не знам што можеме да направиме за да им служиме подобро на луѓето, отколку да ја зачлениме земјата во Европската унија. Изборите не нудат решение, така што, изборите ќе се одржат во редовниот термин, напролет следната година“, рече Ахмети на новинарско прашање на промовирањето на проектот „Подобрување на водоснабдувањето за населените места Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ, Ласкарце, Чајлане и Семениште“.

Прочитајте и:  Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се хистерични

Ахмети потенцира дека во случај на ВМРО-ДПМНЕ да ѝ пречи ДУИ да биде во раководството на државата, тие ќе се повлечат од извршната власт во моментот кога тие ќе ги гласаат уставните измени.

За повикот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, последниве денови за лидерска средба со претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, на која би се разговарало за претстојните избори и за изборниот процес, Ахмети вели дека нема потреба.

МИА

- Реклама -