Ахмети очекува и косовската влада да застане во заштита на албанскиот јазик

Пред неколку дена, лидерот на ДУИ од скопско Шуто Оризави рече дека ако се допре албанскиот јазик сите Албанци ќе се кренат на нозе

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети вечерва од Врапчиште каде присуствуваше на средба со граѓани, рече дека очекува од сите политички партии на Албанците во земјава, но и од партиите во Косово да го заштитат албанскиот јазик.

Али Ахмети, лидерот на ДУИ на денешната средба со жителите на Врашчиште / Фото: ДУИ

„Очекуваме на заедничка средба со владата на РС Македонија, владата на Р Косово да го покрене прашањето за албанскиот јазик. Очекуваме и реакција од сите партии во Косово. Ова прашање не засега сите“,

вели тој.

Според него, неприфатливи се укинувањето на етничката припадност, неправедното отстранување на Албанците од институциите, рушењето на достигнувањата во сите области и селективната правда.

„Ги повикуваме губитните на изборите да не ги легитимираат штетните политики што не враќаат назад и суштински ги влошуваат меѓуетничките односи“,

рече лидерот на ДУИ.

Ахмети пред неколку дена од скопско Шуто Оризави рече дека ако се допре албанскиот јазик сите Албанци ќе се кренат на нозе.

Пред неполн месец, тој испрати писмо до премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во кое изразува загриженост за неодамнешните одлуки на Уставниот суд, од кои едната е укинувањето на т.н. „балансер“, а другата во најава дека ќе бидат укинати делови од Законот за употреба на јазиците.

- Реклама -