Ахмети: Во 2015-та со Тачи констатиравме дека македонските политичари не се доволно одговорни за државата

Фото: ТВ21

„После 5 дена напорни преговори во Пржино, тешки преговори со претставниците од Меѓународната заедница, видов дека Груевски и Заев немаат доволно голема желба за да најдат решение. Тоа според мене, ја влечеше земјата назад. Поради нив и тие дневни политички калкулации, не можеше да се најде решение“, изјави лидерот на ДУИ – Али Ахмети, во синоќешното гостување во „Клик плус“ на ТВ21.

Како што раскажа Ахмети, во тој момент го поканил претседателот на ДПА – Мендух Тачи, и побарал од него да заземат заеднички став и да им го пренесат на македонските политичари.

„Доколку не најдат решение, ние ќе ги радикализираме нашите дејствувања“, гласела пораката, откри лидерот на интегративците во „Клик плус“.

Сепак, до тоа не дошло бидејќи со притисок од меѓународниот фактор се изнашло решение, но заклучокот кај него и кај Тачи бил дека не гледаат доволно голема одговорност од македонските политичари за земјата да оди напред, додаде Ахмети.

- Реклама -