Ахмети: Во 29 години државата помина многу, а сепак големи предизвици се пред нас

„Во овие 29 години државата помина долг и тежок пат, а сепак големите предизвици се пред нас“, вели лидерот на Демократската унија за интеграција – Али Ахмети, во честитката по повод Денот на независноста.

„Наша должност е да ги решаваме овие предизвици, еден по еден, денес, за да можат идните генерации да живеат во мир и просперитет.

Честитки за Денот на независноста на Северна Македонија и благодарност до сите граѓани, но исто така и до меѓународните пријатели кои се со нас на нашето патување“, порача Ахмети.

Прочитајте и:  Мицкоски за барањето на Ахмети: Косово да интервенира кај уставните судии кои ДУИ и СДСМ ги избраа? Шокантно
- Реклама -