Ахмети вознемирен: Зошто не се објавуваат „бомби“ за ВМРО и СДСМ, туку само за ДУИ? (ВИДЕО)

Лидерот на ДУИ – Али Ахмети, е тажен што Ел Чека објавува прислушкувани „приватни разговори“ само за членовите на ДУИ, но тажен е и за селективната правда која, според него, се случува во Македонија, и за која, како што вели, со време ги опоменал СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Затоа Ахмети и ДУИ бараат итен ветинг и „правдата да важи за сите исто“, пренесува ТВ21 од обраќањето на Ахмети вчера во Сарај, каде што се избираше локален претседател на огранокот на ДУИ.

 

„Мене ми е жал за прислушкуваните разговори што се објавуваат за ДУИ. Јас не ги слушам тие разговори. Но, како не се случи да се објават приватни разговори за членови на СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, туку само за членови на ДУИ? Каде се другите разговори? Зошто се објавуваат приватни разговори само од членови на ДУИ? Мислам дека нашиот народ ‘не пасе трева’!“, порачал видно вознемирен Ахмети. Видео од обраќањето можете да видите ТУКА.

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

 

- Реклама -