Ахмети до Заев: „Ќе ви исчезне насмевката на усните“

Ниту Заев ниту другите нема да го имаат задоволството да ја видат ДУИ во опозиција. „Ќе ви исчезне насмевката на усните на 15 јули“, порача лидерот на ДУИ – Али Ахмети во интервју во „Изборни дебати“ на „ТВ21“.

Според него, целта на СДСМ не е да ја испрати ДУИ во опозицијата, туку да ги испрати Албанците во опозиција.

„Сѐ уште мислат дека Албанците се дрвосечачи, сѐ уште ги гледаат Албанците како собирачи на отпад, а не на врвот на власта со која раководат успешно 18 години“, рече Ахмети.

Прашан за „најавената“ размена на пратеници меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за да се избегне уценувањето од ДУИ, Ахмети рече дека тоа не само што е нелегитимно и ќе значи „уништување на хегемонизмот“, туку е „опасно“ и претставува „потпалување оган“. Доколку македонскиот блок се обедини, и албанскиот блок ќе се обедини, рече тој. Погледнете повеќе ТУКА.

Прочитајте и:  СДСМ: Новата сила и енергијата на Конгресот ја вознемири ДПМНЕ
- Реклама -