Ајде да си играме научници

Растењето во град во кој постои Технички музеј е прекрасна привилегија. Семејните посети или посетите организирани од училиштата на загрепскиот музеј, неминовно ги променија животите на загребските дека кои преку игра се запознаа со физиката астрониомијата и хемијата.

Играта е веројатно најдобар начин за намалување на стравот и одбивноста кон природните науки. Идејата да се постават експонати со научна и едукативна содржина на јавни површини, во парковите, дворовите на училиштата и факултетите и разните простори за одмор, кои би ја провоцирале фантазијата и разбирањето, изгледа извонредна.

Самоиницираниот авторски проект Парк на науката на Лука Веверец и неговите соработници се обидува да го промовира тој концепт во Хрватска. Проучувањето и осмислувањето на можните експонати за сега резултираше со неколку предлози со различно ниво на комплексност, а можностите за креирање на нови и нови комбинации се речиси неисцрпни. Предноста на ваквиот модел е што секоја заинтересирана заедница може да го избере својот плоштад, парк или училиште, неговите елементи, па и начинот на изведба на експонатите. Секој објект е опремен со информативна табла, а просечната цена е во рангот на цените на опремата за детски игралишта.

Прочитајте и:  Музеј или џамија? Остри реакции по отворањето на првиот Музеј на христијанското и исламското културно наследство
- Реклама -