Денес во Тетово започнува седмото издание на фестивалот Џез фест Тетово 2024. Фестивалот ќе трае три вечери, а на отворањето вечерва во 21:30 часот, во просториите на Europe House Тетово, концертот ќе имаат AJS Квартет од Албанија (Albanian Jazz Society).
AJS Quartet е најпопуларниот џез бенд во Албанија. Членовите на квартетот музицираат заедно 10 години. Нивните композиции – секоја од нив со карактеристичен звук – градат модерно пост-импресионистичко џез сликарство. Нивните настапи изгледаат како да сликаат во живо со своите инструменти.
Како бенд и како учесници во различни проекти, членовите на квартетот настапувале во родната Албанија и учествувале на сите позначајни фестивали ширум светот. Секоја година го организираат Balkan Jazz ShowCase во кој настапуваат музичари од Балканот и пошироко. Квартетот е национално богатство во Албанија.
Сите членови на квартетот се дел од академскиот кадар на Универзитетот за уметности во Тирана. Благодарение на нивната поддршка за помладите музичари – од кои многумина се вклучени и во проектите на нивните професори – музичарите од квартетот АЈS го пренесуваат своето наследство не само на џез музиката во Албанија, туку и во секој аспект од живото