Акција за отстранување на диви приклучоци на уличното осветлување во Гостивар, ќе следат кривични постапки

Јавно улично осветлување Гостивар – ги известува сите граѓани на Општина Гостивар дека е во тек акција за детектирање и исклучување на дивите приклучоци кои се поврзани на уличното осветлување, а се користат за осветлување на приватни имоти и комерцијални цели.

„Ги повикуваме сите граѓани на територија на Општина Гостивар кои имаат приклучоци за приватни имоти и комерцијални цели, а се поврзани на уличното осветлување, во најбрз можен рок истите сами да ги исклучат со цел за подобро функционирање на уличното осветлување. Доколку при проверките се забележат вакви или слични диви приклучоци, Јавно улично осветлување Гостивар извесува дека ќе се преземат законски мерки кои сносат кривична пријава и исклучување со полициска асистенција, за што следи кривична одговорност каде се предвидени затворски и парични казни. Со овие приклучоци се прави огромна штета на целиот систем и во одредени моменти доведува до нефункционалност на јавното осветлување. Ве молиме за соработка за доброто на сите“, информираат од компанијата.
(комерцијална објава)
 

Извор