Акциска контрола во локал во Чегране, приведени 6 девојки

Полициски службеници од СВР Тетово вчера во времето од 01:50 до 04:00 часот, согласно изготвен план, спровеле акциска контрола во угостителски објект во гостиварско Чегране, сопственост на 42 годишниот Б.Н..

„При контролата поради нерегулиран престој приведени се шест странски државјанки (од Србија и Албанија) на возраст од 23 до 35 години, кои се обиделе да избегаат, но биле спречени во обидот. Лишен од слобода е и А.М.(29), кој работел како обезбедување во објектот, а сопственикот Б.Н. се дал во бегство и се преземаат мерки за негово пронаоѓање. По документирање на случаите ќе следат соодветни поднесоци.“, соопшти МВР.

Извор