Време е да ги проверите старите картички „Покемон“ или да ги побарате старите кутии на таванот или во вашиот подрум, затоа што многу играчки, книги и предмети со кои некогаш си игравте, денес вредат едно мало богатство.
„Бизнис Инсајдер„ направи листа на работи од 90-те години кои што навистина би можеле да го наполнат вашиот новчаник. Па можеби сега е вистинско време за да проверите дали и вие поседувате некои од овие предмети.
Книги „Хари Потер“
Првите изданија на серијалот книги „Хари Потер“од 90-тите може да ви заработат многу пари. За ова сведочи продажбата на ретка копија на првата книга „Хари Потер“ и „Каменот на мудроста“ за 46.000 фунти, што беше продадена во Велика Британија пред некој ден.
„Барби“ куклите
Постојат неколку колекционерски кукли Барби од 90-тите кои може да се најдат на eBay за над 1.000 евра. Исто така, куќите и мебелот на Барби имаат одредена цена.
Оригинален „Furby“
„Furby“ е интерактивна кадифен играчка што секое дете во 90-тите сакаше да ја има, па дури и тогаш имаше сериозно висока цена. Редок примерок од оваа играчка се продава за 800 долари.
Ретки Покемон картички
Во зависност и видот на карти и нивната состојба, за нив би можеле да добиете и до 1.000 долари. Реткиот примерок „Pikachu Illustrator“ карти од 2017 година биле продадени за вртоглави 54.970 долари. Но власникот кој што ја продал оваа карта барал 100.000 долари. Картичката „Charizard“ од 1999 година исто така би можела да вреди повеќе од 11.000 долари.
Супер Марио Брос 3 игри за Нинтендо
Многу ретка копија на Супер Мрио Брос 3 за Нитендо била пордадена за 30.000 долари. Иако повеќето примероци од оваа игра се продаваат за околу 30 долари, ова издание вреди многу повеќе поради фактот што е оргинална и не доаѓаше во пакет со Нитендо.
Yu-Gi-Oh карти
Со Yu-Gi-Oh катите е слична ситуацијата како со Покемон. “Blue-Eyes Ultimate Dragon” картите се продаваат за неверојатни 400.000 долари, додека останатите популарни карти се продадени за околу 700 долари.
Tamagotchi
Иако повеќето Tamagotchija се безвредни, постојат ретки изданија како „Tamagotchi Ocean” и “Yasashii Blue” кои што вредат околу стотина долари.
Моето мало Пони
Поединечните фигури и не се со толку висока цена, како што комплетите од овии слатки понија можат да достигнат цена и над 100 долари. Има ретки верзии од крајот на 80-те кои што биле продадени и за повеќе од 1.000 долари.
Nintendo Game Boy
Побарајте некаде по старите кутии и можеби ќе најдете “Game Boy”, бидејќи нивната цена достигнува и повеќе од 300 долари.