Темните предели на пазувите знаат да бидат срамна појава, па некои и сред лето ги кријат под облеката. Подолу ви претставуваме листа на работи кои не треба да ги правите за да избегнете нивно појавување, и совети да ги отстраните на природен начин.
Доколку вашата рутина вклучува бричење на пазувите со брич или со крама за депилирање- време е да размислите за депилација со восок, затоа што тоа е единствениот начин да ги избегнете тие темни предели во целост.
Предизвикувачи на потемнувањето на кожата во овој предел, а и пределите на препоните, колената и лактите може да биде и премногу користење на дезодоранси, тесна и непријатна облека и мртвите клетки на кожата, за кои е неопходен редовен пилонг на кожата.
Природни начини како решение на темните дамки на кожата:
1. Кокосово масло
Содржи витамин Е кој игра голема улога во избелувањето. Нанесете малку кокосово масло на пазувите пред туширање и масирајте 5-10 минути, а потоа исплакнете со топла вода и сапун. Повторете го овој процес секој ден додека не бидат видливи резултатите. Освен тоа, кокосот е природен дезодоранс.
2. Сок од лимон
Триење на пазувите со сок од лимон е еден од најдобрите природни начини на избелување на кожата. Нанесете мала количина од сокот пред туширање, оставете некоја минута и исплакнете. Нанесете хидратантен крем за да ја омекнете кожата и избегнувајте користење на дезодоранс неколку дена.
3. Сода бикарбона
нанесете смеса од сода бикарбона во малку вода и со тоа направете пилинг на кожата. На тој начин ќе ги отстраните мртвите клетки одговорни за темниот тен.
4. Папаја
Папајата содржи ензим кој е одличен за белеење на кожата. Нанесете парчиња од папаја на пазувите и оставете да се исушат. Потоа исплакете со вода. Користете папаја која не е премногу зрела.
5. Компир
Исечете парчиња од компир и тријте ги пазувите со нив. Освен тоа, можете и сок од компир да ставите на пазувите и оставете го 15 минути, а потоа исплакнете. Резултатите ќе бидат видливи за неколку дена.