Што ако Пепелашка имаше профил на Инстаграм, ноќта на големиот бал? Дали Принцот ќе направеше хаштаг #стакленачевличка за да ја пронајде по магичната ноќ?
Италијанската уметница Симона Бонафини ги замисли Дизни карактерите и нивните активности на социјалните мрежи што ги практикуваме денес.
„Ја добив идејата додека гледав селфиња на Инстаграм. Едни од најпопуларните фотографии се оние пред огледалото, па се сетив на Злобната кралица од Снежана“, раскажува Симона.
Таа дури додава и интересна интеракција заедно со фотографиите.