Ако не беше снимено, ќе беше тешко за верување: Врана и куче си играат со топче (ВИДЕО)

Познато е дека враните се страшно интелигентни птици (види тука и тука). Од друга страна, во литературата и филмовите речиси секогаш се најава за некаква несреќа, зло, па дури и смрт. Но, можат ли да бидат домашни миленици?

Судејќи по видеово, се чини дека и те како можат. Згора на тоа и слабо пројавуваат знаци на тоа „вградено зло“ кое речиси веднаш ни паѓа на ум кога ќе го чуеме нивното гракање. Ај тоа, ама како да се способни и за чувства, па и радост.

Имено, човеков ја нашол вранава повредена во шума, малечка и оставена сама. Причекал околу 1 час дали можеби мајката ќе се врати, но тоа не се случило, па ја земал дома да ја негува. Ја хранел, ја чувал, ја пораснал, „ја научил“ да лета. Откако се опоравила, одлетала. Но не заминала. Оттогаш таа редовно се враќа „дома“ по храна, но и за да игра. Со оглед колку тоа звучи неверојатно, човеков решил да сними една од посетите.

Очигледно животните се полни со изненадувања и баш знаат да бидат другари кога и ние ги третираме со љубов, грижа и почит.

 

- Реклама -