Ако не сте виделе како црна мечка се качува на дрво (а не сте виделе)

Црните мечки се мечки со средна големина со потекло од Северна Америка. Омнивори се, што значи јадат и месо, ама и растенија.

Некогаш тешко се разликуваат од гризли мечките. Има една американска шумарска анегдота што ќе ви помогне во тоа, а истовремено потврдува колку добри качувачи се:

Некоја жена прашала некој ренџер како да разликува црна од гризли мечка, нели. Ренџеров ѝ рекол: Ако те збрка мечка и се качиш на дрво за да избегаш, црната мечка ќе се качи по тебе, а гризли мечката ќе го тресе дрвото додека да паднеш.

Па ете, да научите и нешто „корисно“…

- Реклама -