Ако се жалите дека ви е долг патот до работа

Одбивате понуда за работа, поради тоа што сметате дека е далеку ( до 1 час) од вашето постојано живеалиште? Можеби следниот пат ќе размислите подобро.

Жител на Велика Британија, на кој му дошло преку глава од високите кирии во Лондон, веќе живее во Шпанија.

Интересното во случајот е тоа што тој се уште работи во британската престолнина, до каде што секој ден патува со авион.

Сем Кукни дури пресметал дека така му излегува поевтино. Денес тој живее во центарот на Барселона и секој ден го напушта својот стан, за да отиде на работа и се упатува кон аеродромот. Таму фаќа евтин лет за Британија и успева да пристигне навреме на своето работно место. Пресметките на Кукни покажуваат дека овој начин на живот е значително поевтин отколку да изнајмува стан во главната престолнина на Англија.

sam

 

Тој плаќа кирија од 570 фунти месечно за стан во Барселона и по 80 фунти дневно за билет до Лондон. Така дури му остануваат пари, во споредба со претходниот живот во британскиот главен град. Тој истакнува и други предности на Шпанија пред Англија – времето е убаво, има одлични плажи, а храната е многу добра. Иако растојанието помеѓу двата европски градови е околу 1.500 километри, Кукни спие за време на летот.

Тој додава дека често гледа познати лица во авионот, па смета дека очигледно не е единствениот со ваква идеја.

- Реклама -