Тоскана е дефинитивно романтично место. Тоа е место каде што повторно ќе го откриете минатото и ќе уживате во животот во неговата најприродна средина. Оваа викендица се наоѓа токму во Тоскана. Не толку одамна, куќата била во многу лоша состојба. Иако куќата е стара, остава посебен впечаток, така што поголемиот дел од своите оригинални карактеристики се задржани и обновени.
Но, да се живее во многу стара куќа во исти услови како пред сто години не е многу привлечна идеја за секого, па некои работи биле потребни да се реновираат. Внатрешноста на викендицата е реновирана, а надворешниот дел е оставен во оригиналната верзија. Зад традиционалната фасада се наоќа модерен интериер, кој комбинира минималистички и барокни елементи на многу хармоничен начин.
Сите простории имаат камени ѕидови, полукружни прозорци, камени подови и греди. Сѐ изгледа многу автентично. Има и неколку модерни додатоци како што е мебелот, кујнските апарати, но сите се модифицирани за да придонесат на карактерот на куќата, што ја прави уште поинтересна.
Погледнете ја фото галеријата на оваа прекрасна викендица.